Крушево, Силата нека биде со тебе- Македониумот како сцена од „Војна на ѕвездите“ (галерија)


Бескрајниот свет на имагинацијата повторно дојде до израз во делата на уметникот и дизајнер Зоран Кардула.  Во чест на Илинден, ги поврза ликовите и сцените од култната филмска сага на Џорџ Лукас со сагата на споменикот на Гумење. Во плакатите на Кардула ги гледаме ликовите како Дарт Вејдер и Јода сместени во и околу Македониумот, а тој на еден плакат е е претворен во пилотска кабина која многу наликува на вселенскиот брод „Фалкон“ на ликот Капетан Хан Соло од филмскиот серијал.

„Крушево, Силата нека биде со тебе“, напиша Кардула во пресрет на уникатната изложба, утре, во 20 часот, во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ .

Во 2019 година, Кардула ги смести сцените и ликовите од „Војна на ѕвездите“ во опкружување на спомениците што го славеа минатото на народите во некогашната заедничка држава, што наиде на позитивен прием во јавноста. 

„Илинден“ или Македониум, споменичкиот комплекс во Крушево бил откриен на 2 август во 1974 година на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското Востание[ Споменикот е создаден од страна на Јордан Грабулоски и Искра Грабулоска. Споменикот ја означува непокорноста, борбата и вечната стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава.

Споменикот Илинден се протега на 12 хектари и формата започнува со раскинати пранги продолжува преку криптата и колоритно – мозаичната керамопластична сцената, па завршува со купола извишена 1320 метри надморска височина, од каде се протега инзвореден поглед кон градот Крушево. Внатрешноста на куполата импресионира со своите релјефи, витражите со вечниот пламен и звуците на ораториумот „Сонце на прастарата земја“ од Тома Прошев. Денес во самата купола се наоѓа гробот на Никола Карев и споменица и биста на Тоше Проески.