Крушево шест дена без активни случаи на Ковид-19


Крушево е единствен град во Македонија каде нема заболен од Ковид-19, иако деновиве бележиме рекордни бројки новозаразени.

Имено, во Крушево не е регистриран ни еден активно заболен од Ковид-19 од 12 октомври.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23.628, бројката на оздравени пациенти е 17.239, на починати е 834, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 5.555.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов статистиката по градови е следна:

• Скопје 9.854, активни 2.655

• Куманово 1.973, активни 218

• Дебар 309, активни 50

• Штип 1.443, активни 160

• Прилеп 925, активни 227

• Тетово 1.722, активни 291

• Струга 749, активни 79

• Велес 429, активни 96

• Битола 467, активни 155

• Охрид 510, активни 89

• Кавадарци 321, активни 89

• Гостивар 1.028, активни 97

• Гевгелија 267, активни 143 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 38 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 580, активни 360

• Крива Паланка 176, активни 60

• Радовиш 170, активни 72

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 567, активни 205

• Пробиштип 139, активни 24

• Демир Хисар 65, активни 4

• Македонски Брод 98, активни 4

• Пехчево 53, активни 9

• Берово 164, активни 41

• Валандово 82, активни 50

• Виница 150, активни 49

• Делчево 210, активни 114 (40 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 31, активни 7

• Свети Николе 423, активни 59

• Кичево 416, активни 78

• Ресен 201, активни 38

• Неготино 86, активни 32 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Досега во земјата се направени вкупно 221.011 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти, а вкупно се хоспитализирани 100. Од нив на кислородна поддршка се 62, а нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 6 деца и 6 мајки позитивни на Ковид-19, како и едно дете и две мајки суспектни на вирусот.

Во болницата „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 45 пациенти. На респиратор се 2 лица.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 36, а во болницата во Штип 56 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 223, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Статистиката на активни случаи во скопските општини денеска е следна:

• Чаир – 118

• Гази Баба – 282

• Аеродром – 531

• Карпош – 437

• Центар – 448

• Кисела Вода – 312

• Ѓорче Петров – 208

• Бутел – 107

• Шуто Оризари – 15

• Студеничани – 4

• Сарај – 16

• Арачиново – 7

• Илинден – 36

• Сопиште – 20

• Чучер Сандево – 8

• Петровец –16

• Зелениково – 8

• Странец – 12

• Нераспределен- 70