Криза е. Германците принудени да се откажат од оброците


 

Поради се повисоките цели 16 отсто од Германците се одрекуваат од редовните оброци, а уште 13 отсто размислуваат да го направат истото – ако инфлацијата продолжи да расте.

Да ги намалат оброците не се подготвени 68 отсто од испитаницте во анкетата на Инса. Но, 32 отсто од учесниците со нето проходи помали од 1.000 евра на истото прашање одговориле потврдно, пренесе „Билт“, денеска.

Меѓу сите испитаници 41 отсто купуваат поевтино во супермаркети, додека 42 отсто поштедливо се готви, така што се откажуваат од месото или рибата.

Инфлацијата во Германија во мај порасна на 7,9 отсто, додека цените на храната значително скокнаа за повеќе од 11 отсто за една година. Приближновисока инфлација последен пат била регистрирана во Германија зимата 1973/1974.

Инфлацијата ја поттикнуваат цените на енергенсите кои скокаат поради војната во Украина, како и поскапите суровини и проблемите во синџирите за снабдување.