Кривична за демнач, четворица тепале старица
Во неколку одвоени случаи, МВР нотира насилство врз жени, закани, демнење, само неколку дена по стравичниот случај на семејсно насилство, кој заврши кобно за мајка и дете.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.И.(58) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“. На 14.01.2026 во Тетово, пријавениот следел 18-годишна девојка.
На 09.03.2026 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.Ш.(20), Р.Ј.(45), С.Ш.(27) и Н.Ш.(46), сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 15:20 часот на подрачјето Шуто Оризари упатувале закани на 69-годишна жена, а едниот од нив физички ја нападнал, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.И.(36) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста’’. На 10.01.2026 пријавениот телефонски упатувал закани на неговата поранешна сопруга.
На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје – нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет. По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.
На 09.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(38) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сосед С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.