Кривична пријава за загрозување на животната средина и природата со отпад


СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против скопјанцеот Ш.Ф. (61) и против правно лице од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад”, казниво по член 230 став 3 од Кривичниот законик.

Првопријавениот, како сопственик и управител на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини во село Љубош, информираа од МВР, неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа, се појаснува, постои основано сомнение дека првопријавениот и второпријавениот го сториле кривичното дело што им се става на товар.