Кривична пријава за неколку лица -криумчареле редок вид стаклена јагула


Министерството за внатрешни работи информираше дека СВР Куманово, до надлежното јавно обвинителство поднело кривична пријава против Л.Х.(44) од Народна Република Кина, со живеалиште Кралство Шпанија, В.В.М.(54) од Република Бугарија, Ј.П.(38) од Народна Република Кина, со живеалиште во Софија, Р.Бугарија, против С.П.(41) од село Режановце, кумановско и против И.А.(44) од Крива Паланка, вработен во Царинската управа на Р.С. Македонија, граничен премин „Деве Баир“ поради постоење основи на сомнение дека Л.Х. сторил кривично дело „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривичното дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 1, дека В.В.М., Ј.П. и С.П. ги сториле кривичните дела „криумчарење“ по член 278 став 2 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 и дека И.А. го сторил кривичното дело „криумчарење“ по член 278 став 5 во врска со кривично дело „злосторничко здружување“ по член 394 став 2 од Кривичниот законик.
Л.Х. формирал криминална група за криумчарење на недозволени стоки и противправно набавил поголема количина стаклена јагула, која е редок подмладок на јагулите и претставува загрозен вид во Европа. Tранспортот на стаклената јагула требало да се изврши на релација Софија – Меѓународен аеродром Скопје до Куала Лумпур, Малезија, каде што како купувач се појавува лице по име С.Н. од Малезија.