Кривична пријава за кичевец кој ограби спортска обложувалница

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, денеска поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Кичево, осомничен за сторено кривично дело „разбојништво“.

Тој кривичното дело го сторил на вчера околу осум часот во спорстската обложувалница лоцирана на улицата „11 Септември“ во Кичево, каде влегол маскиран и со нож во раката, од шалтерот одзел извесна сума пари.

Полициските службеници со брза интервенција го фатиле и го привеле сторителот на казненото дело.