Кривична пријава за директорот на МРТ


Финансиска полиција поднесе кривична пријава против директорот на МРТ, Марјан Цветковски, за злоупотреба на службена положба.

Тој склучил штетен договор со комерцијална банка за кредит заложувајќи го целокупниот имот на јавното претпријатие, без притоа да побара дозвола од основачот, Собрание на РСМ.

Второпријавена е нотарката која го заверила залогот.

Договорот бил за кредит од 30 милиони денари за што заложил имот во вредност од 150 милиони денари.

Втората пријава е за претседател на Управен одбор на Те-то АД Скопје.