На Рашковски може да му се суди – одобрено обвинението

Драги Рашковски е обвинет за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело


 

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека обвинението против седум лица за нелегална набавка на софтвер и перење пари поднесен од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 08.10.2021 година, е оценето и одобрено во целост од страна на Советот за оценка на обвинител акт. Тоа значи дека на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, ќе може да му се суди. Уште треба да се одреди судијата според Акмис системот и процесот ќе започне .

Како што е наведено во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје, обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Рашковски, обвинет за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „перење пари и други приноси од казниво дело“ и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за „злоупотреба на службена положба и овластување“ од КЗ, што по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлучување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост.