Критично во Либија: 21 загинаа, странци се евакуираат


Во судирите што почнаа минатата недела во Либија, до сега загинаа 21 лице, а 27 се ранети. Ситуацијата е критична, а странските држави од синоќа почнаа евакуација на персоналот од Либија поради влошување на ситуацијата во земјата.
Покрај молбите на Обединетите нации да сопре нападот на Калифа Хафтар и судирот да се реши со дијалог, тоа не се случи, пренесе BBC.
Од Он исто така, побараа два часа потполн мир за да ги евакуираат цивилите, но нивната молба не е исполнета.
Меѓу настраданите е и лекар од Црвен крст, кој загина во неделата. Силите на Хафтар тврдат дека изгубиле 14 војници.
Државниот секретар на САД Мајк Помпео, рече дека е загрижен за ситуацијата во Триполи, и нагласи дека итно се потребни преговори.
„Воената состојба во Триполи ги загрозува цивилите, како и секоја можност за просперитетна иднина на овој народ“. се наведува во соопштението на Мајк Помпео.