Кристофер Хил навредуван на кошаркарски натпревар на Црвена звезда
Kошаркарите на Црвена звезда беа поразени од Фенербахче со 91:96 во натпреварот од Евролигата во арената во Белград, но, натпреварот го одбележаа навредливите скандирања на домашните навивачи кон Кристофер Хил, американскиот амбасадор во Србија, кој е пред пензионирање и заминување од таа земја. Навивачите на Црвена звезда скандираа „Косово е Србија“ и развија знаме со истиот натпис, упатувајќи низа навреди кон Хил.
— Ricardo Kaka (@rikardons) January 15, 2025
Амбасадорот поради навредите ја напуштил арената на полувремето. Српските медиуми пишуваат дека навредите кон него не се единствената причина за ова. Се додава дека навивачите на Црвена звезда директно се упатиле кон неговата ложа. Во еден момент реагирала српската жандармерија и ги смирувала навивачите.