Кристијано Роналдо се враќа во Европа во шокантен трансфер?


Кристијано Роналдо може ненадејно да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа ова лето. Ова е веста која денеска ја објави саудискиот новинар Алхаза Мутаб. Тој наведува дека Баер Леверкузен, клуб кој е апсолутна сензација во оваа фудбалска сезона, сака да го доведе Роналдо. Тоа би бил шокантен трансфер, апсолутно неочекуван со оглед на сите околности околу Роналдо, но и фактот дека Леверкузен претпочита поевтини и многу помлади играчи.

Претходно, истиот новинар напиша дека Роналдо би можел да се врати во Португалија, неговата татковина, каде што ја започна својата голема кариера како фудбалер на Спортинг Лисабон. Сепак, тоа нема да се случи, пишува Мутаб дека Роналдо бил заинтересиран за враќање, но Спортинг има други планови.

Многу лошо им оди во првенството
Португалецот во моментов игра многу неуспешна сезона со Ал Наср, поради што е на удар на тамошната јавност и медиумите и затоа е незадоволен и бара излез. Да потсетиме, Роналдо и соиграчите неодамна загубија во полуфиналето на Суперкупот од најголемиот ривал Ал Хилал и во првенството заостануваат 12 бода зад истиот тим.

Да потсетиме, Роналдо во декември 2022 година потпиша договор со Ал Наср на две и пол години, а неговата годишна плата е околу 200 милиони евра, а во оваа сума е вклучен и комерцијалниот дел од договорот. Ова е највисоката плата во историјата на фудбалот, па Роналдо во текот на договорот треба да заработи половина милијарда евра.