Кристално ѕвоно за „Алкалоид“, Комерцијална банка и НЛБ банка за најтранспарентни компании на Берзата


Добитник на наградата Кристално ѕвоно што се доделува за најтранспарентно акционерско друштво за 2020 година е „Алкалод“ АД Скопје, второнаградена е Комерцијална банка АД Скопје, а третото место го доби НЛБ банка АД Скопје.

Ова признание што го доделува традиционално Македонската берза на долгорочни харити од вредност беше соопштена денеска на Годишната конференција на Берзата што се одржа онлајн.

На конференцијата беа објавени и добитниците на другите награди што ги доделува Берзата.

Првата награда за овластени учесници за остварувањата на македонскиот пазар на хартии од вредност во вкупниот промет и трансакции ја доби „Илирика инвестментс“ АД Скопје, втората награда Комерцијална банка АД Скопје, а третата „Еурохаус“ АД Скопје.