Кринот е симболот на Диор: Од фустаните се сели во домовите


Франција – Според традицијата, на 1 мај, Диор на своите вработени им подарува гранка на крин од долината – француски обичај, кој датира од 16 век, симболизирајќи среќа и веселост.

Оваа година, поради коронавирусот, обичајот за први мај е ставен во мирување, бидејќи поголемиот дел од персоналот на Диор продолжува да работи од дома. Наместо тоа, француската модна куќа го слави цутењето на кринот, кој основачот Кристијан Диор го претвори во симбол на брендот, со нова колекција на сет на садови дизајнирана од Корделија де Кастелан.

Во моментот е сместена во нејзината селска куќа на 45 минути од Париз, уметничката директорка на Диор го оживеа кринот на порцелански чинии,  рачно насликани или гравирани чаши и предмети од дувано стакло..

„Тоа беше едно од омилените цвеќиња на г-дин Диор“, рече Де Кастелан. „Тој беше крајно суеверен, така што крин од долината беше неговиот шарм за среќа“.

Покрај тоа што на 1 мај го подарува цвеќето на своите шивачки и клиенти, на државниот празник што е еквивалент на Денот на трудот во Франција, Диор инсистираше на тоа дека неговиот цвеќар  му го одгледува преку целата година во стаклена градина. На тој начин, тој знаеше цвеќето да го зашие на  облеката на неговите модни ревии.

Диор влезе во историјата на парфемите со неговиот трет парфем, Диорисимо, лансиран во 1956 година, и честопати се повикуваше на крин од долината во неговите креации, како што е фустанот Муге што го покажа во 1957 година. Тој специфичен дизајн беше инспирација за бел везен фустан што го носеше актерката Кирстен Данст на Канскиот филмски фестивал во 2016 година.

За де Кастелан, цветот има посебно значење од друга причина. „Многу е лично, но татко ми е роден на 1 мај“, објасни таа.

Колекцијата е достапна на страницата за е-трговија на Диор, и ќе се продава во продавниците на Диор ширум светот, вклучувајќи го и бутикот во Мајами, отворен кон крајот на минатата година.

„Голем дел од нашите клиенти се Американци. Тие се долгогодишни поддржувачи на куќата Диор “, истакна Де Кастелан.