Креаторот на Чет ГПТ предупреди дека ќе се повлече од Европа ако ЕУ регулативата за вештачка интелигенција биде престрога


Компанијата „Опен АИ“ (OpenAI), која го произведе системот за генеративна вештачка интелигенција Чет ГПТ (ChetGPT), ќе ја напушти Европа доколку не може да се усогласи со најавената регулатива на ЕУ.

Шефот на „Опен АИ“, Сем Алтман, на настан во Лондон рече дека неговата компанија прво ќе се обиде да се усогласи со идниот закон на ЕУ за вештачка интелигенција (ВИ).

„Сегашниот нацрт-закон на ЕУ за вештачка интелигенција премногу ја регулира оваа сфера, но слушнавме дека ќе биде повлечен“, рече тој.

Алтман смета дека треба да се работи многу повеќе на овој закон, но не го исклучи и заминувањето на „Опен АИ“ од Европа.

Европските парламентарци овој месец се договорија за нацрт-законот за вештачка интелигенција, но деталите сепак ќе се дискутираат на различни нивоа.