Креаторите на „Планет“ се прилагодиле на природата – шумата ќе биде парк


Фото: Б.Грданоски

Сместена меѓу селата Љубин и Арнакија во Општина Сарај на 15 хектари се гради првата елитна населба со 142 луксузни вили со базени, широки дворови и огромен парк во близина. Реализацијата на оваа елитна населба наречена комплекс „Планет“ на инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мисими и Џемил Шабани, почна во ноември лани, со изградба на пристапен пат. Вредноста на проектот е 28 милиони евра од инвеститорите Валдета Касапи, Самет Мислиу и Џемил Шабани.

Фото: Б. Грданоски

Во населбата се планирани шест различни типови куќи, според потребите на купувачите, ќе има дополнително 400 паркинг места, а во близина најавуваат парк од 5.000 метри квадратни кој ќе служи на сите граѓани, а во склоп на комплексот планирана е изградба на хотел и фитнес и спа-центар.

Фото: Б. Грданоски

Во населбата се нуди високо ниво на безбедност од специјализирани служби како и следење 24 часа, преку сигурносните камери, без нарушување на приватноста. Се нудат и дополнителни здравствени услуги, најсофистицирани во регионот, кои ќе бидат на услуга 24/7, во поликлиника. Здравствената услуга вклучува: стоматологија, интерна медицина, општа медицина.

Во комплексот се планира да има детски игралишта, спортски терени, интернет, маркет, ресторани со традиционална кујна, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар, спа-центар, фонтана, поликлиника, хелиодром, мини кино и друго.

Фото: Б. Грданоски

На свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерот на Демократска унија за интеграција Али Ахмети, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Сарај, Петре Шилегов и Блерим Беџети.

Премиерот Зоран Заев истакна дека исклучитекно значајно е тоа што градбата на целиот станбен-деловен комплекс зафаќа само околу 20 проценти од вкупната површина, а остатокот од 80 проценти припаѓа на зеленилото и природата.

Фото: Б. Грданоски

– Креаторите на комплексот „Планет“ се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој всушност го претставува веќе постоечката шума на границите на локацијата занеговата изградба. Вредноста на оваа инвестиција од 28 милиони евра е сериозно раздвижување и придонес и за нашата вкупна економија и затоа проектот ги заслужува сите пофалби и охрабрувања. Ова дополнително потврдува дека Северна Македонија е добро место за инвестиции. Токму овој проект „Планет“ е потврда за тоа што ние најмогу го посакуваме, а тоа е да си ги вратиме нашите луѓе дома, да бидат дома, да инвестираат дома, да го донесат знаењето стекнато во светот и да го реализираат токму тука, на најубавото место на планетата – Република Северна Македонија – рече Заев.

Фото: Б. Грданоски

Спикерот на Собранието Талат Џафери порача овој проект да биде поттик и за другите бизнисмени што живеат надвор од државата, а тие да се вратат не како печалбари, туку засекогаш во нашата земја.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека подобра земја од нашата не видел и посочи дека сѐ се постигнува со работа.

Фото: Б. Грданоски

– Да создаваме можности. Сме создавале услови бизнисмените да се вратат во нашата земја кои придонесуваат со отворање нови работни места. Во наши раце и можности е оваа земја да ја промениме, оваа земја да ја направиме поубава и подобра од тие што нѝ ја оставиле во наследство, бидејќи живееме во време со многу напредување како во образование така и во науката, за да им ја направиме оваа земја среќна за живеење на новите генерации и тие да не си ја гледаат својата иднина на запад, Америка, и Австралија, бидејќи сонцето подобро грее во нашата земја, рече Ахмети.

Фото: Б. Грданоски

– Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија. Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект. Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и Општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите – кажа на промоцијата градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.