Креативност во време на корона: Со ружа на насловница Вог испишува историја


САД- Американскиот „Вог“ го најави специјалниот број за јуни / јули, со наслов „Нашата заедничка нишка: Креативност во време на криза“. На насловната страница има единствена црвена ружа на бела позадина, симбол на „убавината, надежта и повторното будење“, необјавена фотографија од 1970 година од Ирвинг Пен.

-Новиот број на Вог е различен од кој било друг број во 128-годишната историја на списанието. Со целиот персонал во карантин, не беа можни фотосесии. Покрај тоа, ова е момент да се фокусираме на солидарноста отколку на славната личност, вели Раул Мартинез, главен директор за креативност на Конде Наст. Вог секогаш разбирал и одговарал на моментот“.

Главната уредничка Ана Винтур во писмото до јавноста за новиот концепт, забележала дека е првпат Вог  да објавува лајф насловница во повеќе од 50 години.

„За ова специјално издание, побаравме голем број наши пријатели и соработници – вклучително и дизајнери, актери, уметници, фотографи и модели – да создадат слики што ja отсликуваат новaта реалност во нивните животи“, напиша таа.

Ова не е првпат списанието да се справи со покривање на „темните моменти во нашата историја“, истакна Винтур, но таа го опишува специјалното издание како „неистражена територија – признавање, дизајнирање и производство на сè оддалечено“.

Во изданието има повеќе од 150 соработници, вклучувајќи ги Ени Лејбовиц, Ешли Греам, Донатела Версаче, Флоренс Пуг, Гизела Бундшен, Кендал Џенер, Лизо и Вирџил Аблох.

Една од соработниците е Ким Кардашијан Вест, која зборуваше за животот во нејзиниот дом во Лос Анџелес за време на пандемијата.

„Ние сме во просторијата за театар. Ова е местото што најмногу се користи во последно време “, изјави таа за списанието. „Целото семејство ги помина последните неколку ноќи таму откако децата се претворија во тврдина, со, различни кревети низ целиот под“, вели Ким.