Креативно преуредување на излозите во Скопје

Од утре до 17 декември во центарот на Скопје ќе се одржи уникатен настан -“Недела на излозите”. Станува збор за нов фестивал за креативност, современост и уникатност доловени преку излозите кои се естетски симболи на визуелната култура на градот.

За првото издание на фестивалот, младите модни дизајнери и архитекти со преуредување на излозите и јавниот простор прикажани на мапата, ќе го претворат центарот на градот Скопје во модерна галерија.Главниот настан ќе биде организиран утревечер во 18. 30 часот во  ресторанот „Пелистер“.Спонзор на настанот е швајцарската амбасада.