„Краш“ ја лансираше својата верзија на чоколадо од Дубаи – чини 20 евра

Иако почетната еуфорија околу чоколадото од Дубаи стивна, а на пазарот се појавија и други варијанти како онаа наречена Ангелска коса, некои производители сè уште ги претставуваат своите верзии. Краш сега е меѓу нив.
Тие ги информираа своите следбеници за оваа слатка новина на социјалните мрежи.
„Ја создадовме комбинацијата за која сите зборуваат – чоколадо од Дубаи од Краш! 🍫✨ Ако не сте имале можност да ја вкусите оваа егзотична комбинација од чоколадо со фстаци и вкусови на Блискиот Исток, сега е шансата!“, напишаа тие.
Додадоа дека новото чоколадо е достапно исклучиво во малопродажната продавница на Краш, а во коментарите ја открија и цената – 19,99 евра.
На официјалната веб-страница, Краш откри уште некои детали. Тие наведоа дека станува збор за комбинација од млечно чоколадо, фстаци и кадаиф. Тие истакнаа дека чоколадото од Дубаи од Краш е достапно само во ограничени количини, во елегантно пакување од 310 грама.