Крамп Каренбауер е новата министерка за одбрана на Германија
Урсула фон дер Лајен, која вчера беше избрана за претседателка на Европската комисија, денеска ќе поднесе оставка од функцијата министер за одбрана.
Изборот на Крамп Каренбауер за министер за одбрана е изненадување за многумина во Берлин, каде се очекувале на тоа место да дојде министерот за здравство Јенс Шпан.
Крамп Каренбауер, која многумина ја гледаат како главен кандидат на канцеларката Меркел да ја наследи, моментно нема ресор во Владата, поради што критичарите биле против нејзино доаѓање на канцеларското место.