Кралски живот по самоизолација: Чарлс и Камила среќни со кучињата


EMBARGOED until 2200 Wednesday April 8, 2020. Conditions of use: Please credit: Clarence House. Not for use after 16/4/2020 and has to be used in conjunction with TRHís 15th wedding anniversary. The photograph is free of charge and must not be sold on. Handout picture dated 8/4/2020 of the Prince of Wales and the Duchess of Cornwall (known as the Duke and Duchess of Rothesay when in Scotland), who celebrate their 15th wedding anniversary Thursday, at Birkhall, their home on the Balmoral Estate.

Англија-Принцот Чарлс и Камила споделија нова фотографија на која се прикажани кучињата на Камила додека одбележуваат 15 години брак.

Фотографијата е направена во Бирхал, нивниот дом во Шкотска и ги прикажува како се гушкаат со кучињата на војвотката, Бет и Блубел. Двете кучиња беа спасени од домот за миленици во Батерси чиј покровител е Камила.

Двојката е сега заедно по времето поминато во самоизолација одделно, откако принцот Чарлс беше позитивен на коронавирост но се излечи.

Чарлс (71) се разболе за време на викендот од 21-22 март и беше тестиран во Абердиншир откако двојката пристигна во нивниот дом Балморал.

Помина седум дена во изолација, додека војвотката Камила (72), помина 14 дена во изолација, според владините упатства.

Но, фотографијата, направена вчера, ден пред нивната 15-годишнина од свадбата, ги прикажува како насмеани и во добро расположение. И двајцата се вратија на своите кралски должности.

И двајцата изгледаат релативно необично облечени поспортски ама со стил:  Камила во сини тексашки фармерки и чизми од велур и Чарлс во морнарска јакна.

Принцот и војвотката – порано Камила Паркер Боулс – се венчаа на граѓанска церемонија во Виндзор Гилдал на 9 април 2005 година, по врската што траеше повеќе од 30 години.

Се запознале кратко во 70-тите години на минатиот век, но на крајот се венчале со други луѓе – Чарлс се оженил со Дајана, принцезата од Велс а Камила за Ендру Паркер-Боулс кој неодамна исто така беше позитивен на Ковид-19.