Кралски или холивудски: Која е најубава тијара на светот?


Огледалце,огледалце  која кралска тијара е најомилена во светот? Додека не постои такво нешто како лоша тијара, сакавме да ја испочитуваме најдобрата од најдобрите – најсјајната, најпривлечна круна . Од омилената Lover’s Knot на Кејт, војвотката од Кембриџ до масивната  La Buena на кралицата Летисја од Шпанија; со смарагди, сафири и дијаманти, разни стилови, изборот е голем. Кралски или холивудски, ова се најпознатите скапоцени украси на главата во современиот свет.

Бисерни тијари

Тијарата Lover’s Knot  е една од најпознатите круни во светот. Омилена на принцезата Дајана, тијарата е  украсена со дијаманти и 19 висечки бисери, стана препознатлива како тијарата на Кејт (иако технички е на заем од кралицата Елизабета). Најголема конкуренција и е La Buena на кралицата Летисја од Шпанија : тијарата е со бисери, дијаманти и платина, што кралицата Марија Кристина ја нарачала од познатата француска куќа за накит Картие во текот на 19 век.

Тијари од жолто злато

Жолтото злато се врати на голема врата пред неколку години и оттогаш доминира во индустријата за накит. Овој трендовски метал воскресна во тијарите.

Круната на кралицата од Бутан Ashi Jetsun Pema Wangchuck е уникатна по жолтото злато цветно и големите камења од жад . Тијарата од жад има конкуренција во шведската Cameo Tiara,  носена од принцезата Викторија и е една од најстарите на нашата листа. Се шпекулира дека е подарок од Наполеон за неговата сопруга Жозефин во почетокот на 19 век.

Големи тијари

Колку е поголема, толку подобро? Се чини дека тоа е случај со овие тијари. Гривил Тијара на Камила, позната и како Boucheron Honeycomb, беше една од омилените круни на кралицата Мајка. Направена од француската куќа за накит Бушерон, круната се проценува дека вреди 2-3 милиони фунти. Конкуренција и е Ла Буена на кралицата Летисја од Шпанија, неверојатна тијара направена пред повеќе од еден век за прабаба та на нејзиниот сопруг, кралицата Ена. Дизајнот вклучува fleur-de-lys, симбол на шпанското кралско семејство.

Свадбени кралски тијари

Најпознатите и препознатливи тијари имаат тенденција да бидат оние што се носат на кралските свадби. Тука натпреварот е меѓу тијарата на кралицата Мери и Greville Emerald Kokoshnik Tiara. И двете се позајмени на невести од кралицата Елизабета (во истата година, не помалку) и двете се покажаа совршени за нивните венчавки.

Greville Emerald Kokoshnik Tiara со дијаманти, смаради и платина, не е видена повеќе од еден век, сè додека принцезата Евгенија не ја носеше на нејзината свадба во 2018 година со Џек Бруксбенк. Во центарот на круната е голем смарагд со шокантни 93,7 карати.

Тијарата Bandeau на кралицата Мери, кој беше предмет на многу обожавање на свадбата на принцот Хари и Меган Маркл во 2018 година, беше направена во 1932 година и порано и припаѓаше на Мајката кралица. Централниот камен на оваа круна е всушност брош, во кој има десет дијаманти.

Круни на црвениот ќилим

Овие две дами докажуваат дека круните не се само за кралици. Холивудските ѕвезди со третман на кралици сакаат да носат тијари на црвениот ќилим , што е пример за актерката Салма Хајек и зачудувачките избори на доделувањете на Оскарите , на Рут Нега. Во 1997 година, Хаек воодушеви со едноставната, светкава толета со дијамантска тијара од Картие. Дваесет години подоцна, за првото доделување на Оскарите  на Рут Нега, таа привлече внимание со впечатлива црвена тоалета со тијара со рубини. Круната на Ирина Нојвирт содржеше рубини рачно избрани во Мозамбик од 146 карати.

Тијари со сафири

Сафирите имаат големо значење за британското кралско семејство (сафир е главниот камен во свршеничкиот прстен на Кејт Мидлтон, кој некогаш и припаѓал на принцезата Дајана). Кралицата Елизабета ги покажува своите сафири со викторијанскиот пакет од сафир и дијамант, кој вклучува не само тијара, туку и обетки и ѓердан. Кралицата го доби сетот како подарок за венчавката од нејзиниот татко, Џорџ VI. Конкуренција и е Parure Tiara на холандската кралица Максима. Впечатливата круна е направена од повеќе од шестотини дијаманти, при што централниот сафир тежи околу 44 карати.

Кралицата Елизабета се враќа со уште една извонредна круна: Vladimir Tiara. Камењата во оваа тиара можат да се вадат и комбинираат, но петнаесете смарагди од видот кабон се особено впечатливи. Друго драматично смарагдно парче му припаѓа на кралското семејство од Брунеи. Dayangku Raabi’atul ‘Adawiyyah Pengiran Haji Bolkiah, сопругата на принцот Абдул Малик од Брунеи, на нејзината свадба носеше дијамантска и смарагдна круна, комбинирана со сложен ѓердан и златен превез и венчаница.

Флорални тијари

Букетите се убави, но ако сте принцеза, цвеќиња може да се направат од дијаманти и рубини.

The Hanoverian Floral Tiara, носена од принцезата Каролина од Монако, е омилена меѓу невестите од лозата Хановер, во која има дијаманти и детален цветен дизајн. Круната се натпреварува со круната на принцезата Мери од Данска која ги влече своите корени од времето на Наполеон – Danish Ruby Parure и вклучува дијаманти и рубини.