Кралот на Шведска побара од граѓаните да останат дома


Кралот на Шведска се обрати пред својата нација во неделата, повикувајќи ги луѓето да останат дома за да го забават ширењето на корона вирусот и да ги заштитат ранливите пријатели и роднини од инфекција.

„Ковид-19 ги има во стисок и Шведска и светот“, рече Карл Шеснаесетти Густав во редок говор. „Ние мора да бидеме подготвени да останеме дома“.

Пристапот на Шведска во борбата против коронавирусот вклучува помалку ограничувања од соседните држави како Данска и Финска. Продавниците и училиштата остануваат отворени додека собирите до 50 сè уште се дозволени.

Податоците од понеделникот покажаа дека стапката на смртност од вирусот во Шведска се искачи на 477 од 333 во петокот, надминувајќи го бројот на починати во другите нордиски земји заедно.

Владата претходно соопшти дека ќе ги заостри ограничувањата за движење доколку оцени дека ќе бидат потребни.