Кралот на Норвешка се разболел по контакт со позитивен на Ковид


Норвешка– Кралот на Норвешка ќе се повлече од должностите откако покажа симптоми на настинка по состанокот со владиниот министер кој подоцна дозна дека е позитивен на Ковид-19.

Кралот Харалд V, кој има 84 години и во минатото имал здравствени проблеми, му ги препуштил своите должности на својот син, престолонаследникот принцот Хакон, додека закрепнувал, објави Асошиетед прес.

„Ќе бидат извршени сите потребни испитувања и тестови“, се вели во соопштението на палатата.

„Искрено се надевам дека не ги заразил кралот Харалд, кралицата Соња или престолонаследникот Хакон“, рече министерката за надворешни работи Аникен Хуитфелд за локалниот медиум, пренесува АП.

Норвешкиот крал нема политичка моќ и едноставно е церемонијален владетел во земјата.

Харалд е целосно вакциниран против вирусот и ја примил и бустер-дозата.