„Кралот на бананите“ основа авио-компанија – има намера да го преземе словенечкиот пропаднат гигант


 

Претприемачот Изет Растодер, кого го викаат „крал на бананите“, основа авио-компанија, „Ер Адриатик“ и има намера да купи два авиона, пишува словенечкиот весник Фајнанс.

Со тоа се истакнува неговото име на листата кандидати за купување на имотот на пропаднатиот словенечки авио-превозник „Адрија ервејс“, оценува весникот.

Имено, тој, како што порано известија словенечките медиуми, е еден од петте понудувачи за купување на имотот на „Адрија ервејс“, а поднел барање и за добивање сертификат за комерцијални летови.

Така Растодер, по бананите, проектот во секторот недвижности и преработка на отпад влегува и во воздушниот сообраќај, пренсе порталот Индикатор.ба.