Кралицата помилува убиец-спасувач

 

Британската кралица Елизабета Втора го помилува Стивен Галант (42) затвореник кој служи казна поради убиство.

Галант од лани стана познат кога помогна во сопирање на теорирсти на Лондонскиот мост.

Галант се нашол таму затоа што учествувал во настан во рамки на програмата за рехабилитација на затвореници во ноември 2019 година, а тогаш Усман Кан вооружен со два ножа нападма минувачи и уби студени и студентка кои помагале во програмата за рехабилитација на затовреници, пишува Еруоњуз.

Снимки од нападот покажуваат како Галант и двајца други мажи успале да го совладаат Кан во понатамошните намери.

Со одлука на кралицата Елизабета казната му е скратена за 10 месеци па во јуни тој може да бара помилување пред одборот.

„На Галант ќе му биде оддадено признание за неговиот храбар чин со кој спаси животи на луѓи и го ризикуваше сопствениот“, се наведува од министерството за правда.

Галант во 2005 година е осуден на 17 години затвор заради убиство на пожарникар.