Кралицата Елизабета вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата – четврти пат од почетокот на владеењето


Британската кралица Елизабета II вечерва ќе апелира до Британците да бидат дисциплинирани во време на се поголеми предизвици.
Ќе апелира откако во Британија беше забележан најголем број починати во еден ден од почетокот на епидемијата со корона вирусот.
Во реткото обраќање до нацијата кое ќе биде емитувано вечерва, 93-годишната Елизабета Втора ќе рече дека пандемијата предизвикала големи поместувања и предизвикала тага, финансиски потешкотии и обесхрабрувачки предизвици за сите нас.
„Се надевам дека во годините пред нас секој ќе може да биде горд на начинот на реагирање на тој предизвик. А оние кои доаѓаат по нас ќе речат дека оваа генерација Британци била како и секоја друга“, се зборовите на кралицата во однапред објавениот дел од обраќањето.

Нејзиното денешно обраќање до нацијата ќе биде само четврто од почетокот на владеењето од февруари 1952 година.
Велика Британија вчера пријави рекордни 708 смртни случаи за 24 часа, а денеска уште 621, со што вкупниот број починати се искачи на 4.934 луѓе, а 47.806 се заразени од ковид-19

Меѓу заразените е и премиерот Борис Џонсон, британскиот министер за здравство Мет Хенкок и принцот Чарлс.