Кралицата Елизабета позитивна на коронавирус


Англија– Кралицата Елизабета (95) беше позитивна на тестот за Ковид и има благи симптоми, но очекува да продолжи со лесни должности оваа недела, соопшти во неделата Бакингемската палата.

„Таа ќе продолжи да добива лекарска помош и ќе ги следи сите соодветни упатства“, велат од Палатата.

Чарлс (73), престолонаследникот, претходно овој месец се повлече од настан откако по вторпат се зарази со коронавирус.  И неговата сопруга Камила е позитивна на Ковид. Извор од палатата рекол дека се сретнал со кралицата само неколку дена претходно.

Здравјето на кралицата, најстариот и најдолготрајниот монарх на светот, е во центарот на вниманието откако во октомври минатата година помина една ноќ во болница поради неодредена болест, а потоа лекарите и препорачаа да се одмори.

Елизабет во средата им се пошегува на членовите на кралското домаќинство дека не може многу да се движи додека ја извршува својата кралска должност откако Чарлс бил позитивен. (Ројтерс)