Кралицата Елизабета бара некој да ѝ го води инстаграм-профилот за плата од 38.000 долари


Ако го следите кралското семејство и обожавате социјални мрежи, ова е работата од соништата за вас. Бакингемската палата и кралицата Елизабета бараат некој да ги води официјалните профили на Инстаграм и Твитер, а платата е неверојатни 38.000 долари.

„Без оглед дали се работи за државна посета, церемонија за доделување награди или другиот кралски ангажмани, оној што ќе биде ангажиран мора да се грижи содржините на нашите социјални мрежи секогаш да бидат интересни и да допираат до голем број луѓе“, се вели во описот на работното место.

Кралската палата бара кандидати со претходно искуство во управување со веб-сајтови, некој што е иновативен и креативен. Покрај тоа, мора да има добри вештини за пишување и фотографирање, а вештини за видеопродукција се исто така пожелни.