Кракен варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија
Бугарија– Кракен варијантата на Ковид откриена кај пациент во Софија
– Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 – XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај пациент во Софија.
СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот.Пациентот е на домашно лекување, јави БТА.