Крај блиска ѕвезда најдени дури две планети погодни за живот


 

НАСА во орбитата на блиска ѕвезда, оддалечена од нас околу 100 светлосни години, забележала егзопланета со големина на Земјата, која би можела да биде населена.

Имено, ТОИ 700 е веројатно карпест и 95 отсто од големината на нашата планета. Ова небеско тело е четврта планета откриена во орбитата околу малата џуџеста ѕвезда ТОИ 700.

Сите овие планети ги пронајде НАСА со телескопот „Transiting Exoplanet Survey Satellite“, односно мисијата ТЕСС. Интересно е дека во 2020 година во тој состав исто така е откриена планета приближно голема колку Земјата, ТОИ 700 де, и дека двете планети се наоѓаат во таканаречена зона на Златокосата, односно на таква оддалеченост од своето Сонце за на нивната површина да може да има вода – што значи би можеле да поддржуваат развој на живот.

Зоната  Златокоса

Ако се сеќавате на приказната за Залтокоса и трите мечиња и за едната каша која беше преврела, другата престудена и третата со совршена темпратура, тогаш веднаш ќе ви биде јасен принцип по кој ова подрачје го добило називот.

Имено, за планетата да биде населива и да може да поддржува живот каков што го познаваме, не смее да е преблизу својата ѕвезда затоа што водата би испарила, но ни предалеку оти водата би замрзнала. Значи, зоната Златокоса, е она подрачје кое има совршена температура за планетата, ако е карпеста да има течна вода.

Најблиско до ѕвездата се наоѓа планетата ТОИ 700 бе, која е 90 отсто од големината на Земјата, и која прави круг околу ѕвездата за само 10 земски денови, Тука е и ТОИ 700 це, која е 2,5 пати поголема од нашата планета и ја обиколува ѕвездата на секои 16 дена.

Двете планети веројатно се олимно заклучени, што значи дека една нивна страна секогаш е свртена кон матичната ѕвезда, слино како што Месечината кон нас гледа само со една страна.

Двете егзопланети во зоната Златокоса, де и е, имаат подолги орбити. На едната ѝ треба 37, а на другата 28 дена да направат круг околу џуџестата ѕвезда. Новооткриената планета е всушност се наоѓа меѓу планетите це и де.

Само неколку такви светови

„Досега сме пронашле само неколку системи со повеќе мали планети во населива зона. Заради тоа ќе биде возбудливо да се слди системот ТОИ 700. Планетата е околу 10 отсто помала од планетата де, што значи со помош на мисијата ТЕСС откриваме сѐ помали и помали светови3, вели астрофизичарката Емили Гилберт од НАСА.

Во вселената често најдуваме мали, студени џуџести ѕвезди од класата М, како ТОИ 700, а последните години откриени се голем број од нив кои кружат околу ѕвезда. На пример, составот TRAPPIST-1 има седум егзопланети, а наскоро на нив треба да фрли окол и вселенскиот телескоп „Џејмс Веб3.

TOI 700 е црвена џуџеста ѕвезда од спектрална кала М (многу поцрвена, постудена и потемна од Сонцето). Односно, има 40 отсто маса и 55 отсто температура на нашата ѕвезда. Всушност, околу 90 отсто од ѕвездите во вселената се помали од Сонцето Црвените џуџиња обично имаат температура од само неколку илјади степени, додека на површината на Сонцето температурата се движи околу 5.500 степени Целзиусови.