Крадци ја оставија најтрофејната српска пливачка без медали


Поранешната светска шампионка во пливање Наѓа Хигл беше ограбена за време на изминатиот викенд во Панчево, каде што крадци од гаража во зградата во која живее ѝ украдоа два велосипеда, две детски седишта и две кутии со повеќе од 300 медали.

Наѓа ја сподели оваа информација со нејзините пријатели на Фејсбук. „Ви благодарам, драги крадци”, напиша таа. Според весникот „Вечерње новости“, најважните медали, особено златните од СП 2009 во Рим, остануваат во сопственост на Наѓа. Но поранешната рекордерка на 200 метри градно е приврзана за секој медал, бидејќи ја потсетуваат низ што сѐ морала да помине од кадетските денови за да стигне до светскиот престол во пливање.

Полицијата во Панчево интензивно ги бара извршителите на оваа кражба.