Кожув противник на Гостивар во полуфиналето на кошаркарскиот Куп на Македонија


Организаторот на годинашниот кошаркарски куп „Благоја Георгиевски – Буштур“, тимот на Кожув од Гевгелија ќе игра во полуфиналето, откако вечерва забележа победа над Куманово со 81:69.

Гевгеличани утре во полуфиналето ќе се соочат со Гостивар кој денес во првото четвртфинале го совлада ТФТ со 72:62.

Пласман помеѓу четирите најдобри избори и Пелистер по победата над Чаир со 76:72.

Вечерва од 20:30 играат вечните ривали МЗТ Скопје Аеродром – Работнички во последното четвртфинале.