Омикрон ги одложи и почесните Оскари во 2022


САД- Академијата за филмски уметности и науки ја одложи 12-тата годишна церемонија на Governors Awards бидејќи расте бројот на заразени со Ковид-19.

„Ние ја донесовме тешката одлука да ги промениме нашите планови  за церемонијата со физичко присуство на 15 јануари“, рече портпаролот на Академијата во изјавата во средата. „Со оглед на неизвесностите околу варијантите и влијанието што ова може да го има врз нашата заедница, сметаме дека ова е најдобрата и најбезбедната одлука за нашите почестени и гости. Презакажаните планови ќе дојдат подоцна, бидејќи ние продолжуваме да им даваме приоритет на здравјето и благосостојбата на сите вклучени“.

Се уште не е објавен нов датум.

Семјуел Л. Џексон, Елејн Меј и Лив Улман ги добија почесните Оскари оваа година, објави Академијата за филмски уметности и науки. Дани Гловер ќе ја добие и хуманитарната награда Џин Херсхолт. Почесните Оскари се доделуваат на гала вечер на церемонијата на Governors Awards .

Почесните Оскари се доделуваат секоја година “за исклучителни достигнувања во животот и одличен придонес во киното“. Наградите на членовите на Академијата беа создадени како посебен настан во 2009 година, за да се даде поголем акцент на добивање на статуетки надвор од преполната програма на главното шоу. (Варајати)