Ковид рекордер: По 16 месеци во карантин, конечно негативен на корона вирусот


Турски државјанин поминал 16 месеци во карантин откако постојано бил позитивен на корона вирусот.
Станува збор за Музафер Кајасан, кој се лекува од леукемија и кој стана познат по најдолгиот период поминат во карантин заради инфекција со Ковид-19, јавуваат локалните медиуми.
Причината поради која 85 пати бил позитивен на тестирањата за корона вирусот, според лекарите, е слабиот имунолошки систем.
За време на изолацијата немал никакви симптоми.
Бидејќи постојано бил позитивно тестиран, според важечките правила на Турција, тој не можел да излезе од карантин.