Ковид кризата не го „Уби“ угостителскиот дух


Заздравувањето на економијата од Ковид кризата се одвива мошне бавно и несигурно, а последиците кои беа предизвикани од неа влијаат на растот на БДП и на зголемувањето на дефицитот и јавниот долг. Кризата сепак најмногу ги погоди угостителските објекти, а тие незадоволството го искажаа со многубројни протести и барања.

На седницата која беше одржана на 8 јуни Владата  усвои одлука за помош на вкупно 2.204 компании во угостителскиот сектор, а вкупната финансиска поддршка на сите кои ги исполнија условите изнесуваше 5,77 милиони евра.

Но, и покрај затворањата, се покажа дека угостителскиот сектор  е жилав и спремен за нови бизниси, главно во областа  на брза и ефикасна достава на храна, а нивниот број  во Скопје од ден на ден расте.

 „Зелени“ , „црвени„ и „црни“ хамбургери, здрави слатки во „Љубовна куќа“ , кафиња со различни вкусови, разновидни видови енергетски смути-сокови, тајландска храна во „Thai Box” и слично ја збогатија понудата во Скопје. (М.Т.)