Ковид-19 во Италија не стивнува


 

Во Италија, во последното деноноќие потврдени се нови 18.727 заразени со корона вирусот, додека во истиот период од последиците од болеста починаа 761 пациент, пренесе Ројтерс.

Бројот новозаразени кој денеска е потврден е поголем за речиси две илјади од вчера, а починале за 126 помалку од вчера.

Во болница од Ковид-19 се лекуваат 28.562 пациенти, што е за 526 помалку од вчера.

На одделението за интензивна нега примени се уште 208 пациенти.

Од почетокот на пандемијата во Италија од Ковид-19 заболеа повеќе од 1,8 милиони луѓе, а регистрирани се 63.387 смртни случаи.