Ковид-19: Границата меѓу САД и Канада останува затворена уште еден месец


САД и Канада одлучија да го продолжат, за уште еден месец, привременото затворање на заедничката граница во борба против ширењето на новиот коронавирус.

– Канада и САД се согласија границата да остане затворена уште 30 дена, соопшти премиерот на Канада Џастин Трудо.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж дека таа граница ќе биде меѓу првите што повторно ќе биде отворена.