Ковентри се врати во Премиер лигата по пауза од 25 години


 Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата.
Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи.
Ковентри, предводен од Френк Лампард, е на врвот на табелата со 86 бодови од 43 натпревари, 13 повеќе од третопласираниот Милвол.
Битката за второ место кое води директно во Премиер лигата ја продолжуваат Ипсвич, Милвол, Саутемптон и Мидлзбро.