Ковачевски во работна посета на Брисел
Премиерот Димитар Ковачевски е во работна посета на Брисел. Ковачевски утре ќе ја отвори последната сесија од скринингот посветена на Кластер 6 кој ги опфаќа: поглавјето 30 – надворешни односи и поглавјето 31 – заедничка, надворешна и безбедносна политика.
Како што соопшти владината прес-служба, со затварањето на овие поглавја скрининг процесот за Северна Македонија ќе биде официјално завршен.
Премиерот Ковачевски ќе оствари работен состанок во Европскиот парламент со пратеници и со членови на парламентарната група на социјалдемократите. Тема на разговор, како што е најавено, ќе биде проширувањето на Европската Унија и важноста на евроинтеграциите за Северна Македонија и регионот.