Ковачевски вели дека една телевизија му откажала интервју возејќи се натаму


Фото: Б. Грданоски

 

„Нема прашање што не сум го одговорил и нема покана од медиум на која не сум отишол. Јас веројатно сум единствениот премиер на телевизија со национална концесија да биде повикан на интервју и на сред возење натаму да ми откажат“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „Фронтлајн“.

Тој додаде дека интервјуто било откажано бидејќи тој медиум сакал одредено законско решение, што ним им одговара.

„Јас кажав дека кое било решение може да се носи низ владина и собраниска процедура, а не додека јас патувам од мојата аканцеларија до тоа телевизиско интервју“, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека од тогаш тој во таа телевизија не отишил, ниту тие го поканиле и мисли дека тие се засрамиле од тој чин.

Во интервјуто тој додаде: „Од оваа дистанца јасно ми е дека повеќе внимание треба да се посвети на кадровските ресурси кои управуваат различни ресори. И јас и граѓаните сме разочарани од функционирањето на дел од институциите, во следниот мандат сите тие грешки ќе бидат исправени. Во новиот четиригодишен мандат вниманието на изборот на кадровските решенија ќе биде имепратив при составувањето на владата и раководните структури“.