Ковачевски: Нема „да“ за францускиот предлог без чиста формулација за јазикот и со историјата како услов
Ковачевски пишува и дека каков и да е конечниот усогласен текст на предлогот, за да биде прифатлив за македонската страна мора да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол, кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија. Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, пишува Ковачевски.Премиерот вели дека секое решение ќе треба да е консултирано со македонските институции. Премиерот претходно соопшти дека ќе патува во Брисел на Самиот на ЕУ.