Ковачевски не споделува информации за протераниот руски свештеник


Не може да се споделуваат јавно информации од безбедносно – разузнувачки карактер, вели премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање дали е запознаен со изјавата на бугарскиот министер Асен Василев дека колегите разузнавачи од Северна Македонија им дале информации дека руски свештеник врбувал македонски државјани.

-Не сум ја видел изјавата на бугарскиот министер, меѓутоа сите тие информации за кои што прашувате се дел од информации кои се на располагање на разузнавачки и безбедносни служби кои што не можат да се споделуваат на прес-конференции, рече премиерот Ковачевски прашан дали има инфомрмација кои се тие лица кои биле врбувани и дали се свештеници.

На дополнителното прашање како го толкува фактот што се уште Синодот на МПЦ-ОА не се произнел за ваквите тврдења, премиерот го повтори истиот став.