Ковачевски не кажува што реферира директорот на АНБ


Денес на затворена седница на Влада директорот на АНБ ќе информира за сите детали во однос на тоа како е издадено државјанство на Онишченко, односно како се обезбедени позитивните мислења, одговори премиерот Ковачевски на новинарско прашање до каде е случајот Онишченко.

„Повеќе од ова не можам да коментирам, со оглед на тоа дека од затворени седници на Влада, не може да се даваат дополнителни информации, дека тоа е тешко кривично дело“, рече Ковачевски

Тој не сакаше да каже дали на средбата која ја имаше со Генералниот помошник директор на НАТО за безбедност раговарале за случајот Онишченко.

„Не можам да ви кажам детали за разговорот со него“, рече Ковачевски.

Премиерот беше воздражан и за евентуалното проширување на владината коалиција со Алијанса за Албанците.

„Тоа што го одговорив вчера, нема никакви нови податоци и информации кои можам да споделма со вас за таа тема , додаде Ковачевски.