Ковачевски најави ново зголемување на цената на струјата


Првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски во гостувањето на ТВ 24 изјави дека цената на струјата по Нова година ќе се зголеми.

„Рестрикции на струја не се опција“, тврди тој.

Ковачевски оцени исто така дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години бидејќи државата располага со ограничени ресурси, при што ги спомена количините на јаглен и  квалитетот на  хидрологијата.