Ковачевски: Мето Јовановски остави длабок печат во македонската култура


 

Премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук напиша дека актерот Мето Јовановски, кој почина денеска на 77 години, „остави длабок печат во македонското културно творештво“. Тој вели: „Со голема тага ја примив веста за смртта на доајенот на македонската глума, Мето Јовановски. Изразувам длабоко сочувство до семејството, роднините, пријателите.

Како еден од нашите најистакнати врвни драмски уметници, Јовановски ќе биде запаметен по својот препознатлив актерски израз во бројните телевизиски, филмски и театарски остварувања.

Тоа се дела со кои остави длабок печат во македонското културно творештво“.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, рече дека „Мето Јовановски е вистинска легенда“.

Во објавата на Фејсбук напиша: „Актер со моќна енергија, со појава и интерпретација кои станаа белег на македонскиот филмски и театарски простор. Мето Јовановски е вистинска легенда. Неговото заминување од актерската сцена е ненадоместива загуба за културата на државата, но улогите кои ни ги остави, се остварувања за паметење.

Мето создаде вредно културно богатство кое не задолжува да го чуваме и афирмираме како вредност од национален интерес“.

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, напиша: „Почина Мето Јовановски, доајенот на македонското актерство. Човекот кој зад себе остави неизбришлив придонес на македонската телевизиска, театарска и филмска сцена.

Мето создаде вредно културно богатство кое не задолжува да го чуваме и афирмираме како вредност од национален интерес“.