Ковачевски: Компании како „Виталиа“ имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата


 

Премиерот Димитар Ковачевски и директорката на УЈП Сања Лукаревска, денес беа во посета на компанијата „Виталиа“ која како голем даночен обврзник значајно придонесува во буџетот на државата преку плаќање на придонеси и даноци по сите основи. Премиерот Ковачевски посочи дека ваквите компании имаат значајно влијание на растот и развојот на економијата во земјата.

Успешната деловна соработка меѓу компаниите и институциите придонесуваат кон посилна економија и поквалитетен живот за граѓаните, бидејќи парите од даноците завршуваат во државната каса, а тие пари се на граѓаните, изјави Ковачевски. Изјавувајќи дополнително дека минатата година, остваривме највисок поврат на ДДВ кон стопанството од независноста на државата до денес.

„За ‘Виталиа’ оваа посета е важна бидејќи на некој начин е потврда за нашето успешно работење и придонес во општетсвото. Дополнително што ова е јубилејна, 30-та година од нашето постоење! 30 години на напорна работа, труд и знаење вложени во проучувањето на најквалитетните состојки и производство на здрава храна за сечиј вкус. Постојано бележиме раст во бројот на вработени и отвораме нови работни места со различни барања на експертиза, забележуваме раст на приходите од година во година, се прошируваме на повеќе пазари, го зголемуваме извозот и го зацврстуваме брендот како на регионално, така и на глобално ниво“, изјави Искра Ветаџокоска – Муцунска ко-сопственик и генерален менаџер на „Виталиа“.

Од „Виталиа“ посочуваат деак се најголемиот производител на здрава храна во Македонија, компанија која е рангирана меѓу најголемите извозници во прехранбената индустрии во земјава присутна на 5 различни континенти, во преку 130 земји низ светот. Истовремено и синоним за иновативна компанија, која ги следи потребите на потрошувачите и која создава здрави производи за различни генерации, и различни целни групи.