Ковачевски ја поддржа најавата на ЕУ дека „ќе му дише во врат“ на Судскиот совет


Премиерот Димитаер Ковачевски без резерва ја поддржа најавата од ЕУ дека ќе испратат специјална оценска мисија која ќе ја следи и анализира работата на контроверзниот Судски совет. Тој притоа нагласи дека ова не е прва ваква мисија на ЕУ во Македонија. 

-Не е првпат да имаме оценска мисија. Пред една ипол година за ова разговарав со евроамбасадорот Дејвид Гир . Судскиот совет е орган независен од Владата  и од било кого – сами се избираат, сами се анализираат, сами се оценуваат..Од првиот ден сметам дека такви тела знаат да имаат за себе подруга слика од јавноста. Затоа, добра е соработката со ЕУ и намерата да организира таква мисија, за да ги проверат сите информации во врска со Судскиот совет, да ги споделат со нашите политички актери и да предложат судски реформи. Ако ме прашувате дали ја поздравувам, да, ја поддржувам оваа мисија, рече Ковачевски.