Ковачевски и Рама организираа заеднички прием во Брисел


 

Премиерите на Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, доцна попладнево во бриселскиот хотел „Софител“ организираа заеднички прием по повод денешното отпочување на преговорите на Европската унија со двете земји. Тоа дојде на крајот од денот кој сите учесници – и од Унијата и од двете земји – го означија како историски. 

Имаше три торти со боите на македонското, европското и албанското знаме. Новинари од двете земји и странските дописници во Брисел, како и повеќе функционери на Унијата – меѓу нив беа еврокомесарот Оливер Вархеи и специјалниот претставник за Западен Балкан, Мирослав Лајчак – како и политичари и службеници од Македонија и Албанија во неформална и опуштена атмосфера го завршија денот кој е важен за Западниот Балкан и Европската унија.