Ковачевски е задоволен што македонски граѓани биле на отворањето на клубот во Благоевград
Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тоа што македонски граѓани денеска може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија е една од придобивките на договорот со соседна Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и најави дека Владата ќе поднесе официјално барање до владата во Софија со цел отворање на Културно-информативен центар на Македонија во Благоевград.
Одговарајќи на новинарско прашање зошто не присуствува на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, Ковачевски рече дека не птиѓол за денеска била закажана седница на Владата за справување со енергетската криза.
„Мило ми е што македонски граѓани, вклучително и господинот Мицкоски и господинот Апасиев може слободно да одат и да се радуваат на културен клуб во Бугарија. Сметам дека тоа е една од придобивките на договорот што го направивме со Бугарија и со почетокот на преговорите со ЕУ и среќен сум што дури и опозицијата го признава тоа“, изјави Коавечвски, одговрајќи на новинарски прашања.
Единствено, нагласи тој, барам секогаш да покажуваме добрососедски односи и да нема тензии или непотребни конфликти кога се прават посети меѓу двете држави или посети со било која друга држава.
За тоа дали можеби наредната недела ќе го посети клубот, Ковачевски рече дека следната недела ќе биде во Берлин на конференција за берлинската иницијатива, каде ќе има потпишување договори со земјите од Западен Балкан.
„Владата ќе поднесе официјално барање до владата на Бугарија со цел отворање на Културно-информативен центар на Северна Македонија во Бугарија, како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и каде што ќе можат сите граѓани кои се самоопределуваат како Македонци да го посетуваат и да се запознаваат со нашата култура и литература. Со сѐ она што значи македонско наследство, како оние што се самоопределуваат како Македонци, така и оние кои што се самоопределуваат на друг начин, за да можат да се запознаат со нашата култура“, изјави Ковачевски.
Во однос на изјавата дека бугарските власти треба да истражат кој стои за отворање на клубот во Благоевград, Ковачевски рече дека тоа го кажал во однос на регистрацијата, дека тоа кај нас го прават нашите институции, додека во други држави, тоа го прават нивните институции.
„Не можат наши институции да прават проверки во друга држава, ниту пак може друга држава да прави било какви проверки во нашите институции во нашата држава“, изјави Ковачевски.